Во Мјанмар уапсени се главните лидери на кампањата против воениот режим, објавија опозиционерите на социјалните мрежи.
Меѓу уапсените и Ваи Мое Наинг еден од лидерите на протестите во градот Монива.
Монива е еден од главните центри на опозицијата воениот режим, кој со воен удар на 1 февруари дојде на власт. Откако хунтата ја презеде власта секојдневно низ целата земја се одржуваат протести, во кои загинаа најмлку 706 демонстранти, а над 3.000 лица се уапсени.