Во индискиот главен град Њу Делхи ќе бидат воведени мерки на заклучување во текот на викендите, со цел да се спречи драстичното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, соопштија денеска градските власти.
Според нив, за време на викендите ќе бидат затворени трговските и фитнес центрите, а рестораните нема да можат да ги услужат граѓаните внатре во објектите.
Властите соопштија дека дозвола за работа ќе имаат само оние кои им нудат неоходни услуги за живот на граѓаните.
Индија се наоѓа на второ место во светот според бројот на заразени со Ковид-19. Досега се потврдени над 14 милиони заболени лица и 173.152 смртни случаја.