Донацијата од 500 комплети на постелнини, кои вклучуваат ќебиња, чаршафи, перници, како и навлаки за периници, со вкупна вредност од 10 илјади евра за тетовска клиничка болница. Оваа донација од Албанско-Американски културен центар во Тексас ќе биде наменета и користена за потребите на пациентите кои се хоспитализирани во тетовската клиничка болница.
-Оваа иницијатива и соработка на албанско –американската заедница поточно од Албанско –американскиот културен центар во Тексас со претседателот Бруно Цека ќе продолжи и во иднина во повеќе други градови низ земјата. Поддршката и соработката во време на пандемија е од особена важност па затоа ги охрабруваме и повикуваме и останатите поединци, групи, здруженија да помогнат доколку се во можност, истакна во име на центарот, Аријанит Џафери.
Во име на вработените во Клиничка болница Тетово благодарност за донацијата изрази директорот Флорин Бесими.
-Во мое име и во име на вработените благодарност за донацијата која доаѓа од Албанско-американскиот културен центар во Тексас и посебно сакам да му се заблагодарам на Бруно Цека која ја одбра оваа широка мисија на донации да започне токму од нашата болница. Би сакал да ги информирам донаторите и јавноста дека оваа донација ќе биде ставен во функција на граѓаните кои ќе побараат здравствена услуга во нашата установа, изјави Флорин Бесими.