На денешната седница Владата даде согласност на Одлуката за избор на најповолна понуда во постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали што ја спроведе Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Македонија“ (ЕСМ).
Со оваа одлука на ЕСМ за најповолни се прогласуваат понудите на компаниите „Фортим Енерџи Електрик“ од Турција и „Соларпро холдинг“ од Бугарија кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати од кои на јавниот партнер, односно ЕСМ ќе му припаднат 18,510% од произведената електрична енергија („Фортим Енерџи Електрик“) и 18,010% („Соларпро холдинг“).