Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска по повод Денот на планетата Земја ќе учествува во акцијата за пошумување што ќе се одржи во Крушево, кај споменикот Слива.
Настанот е во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса“, а според најавите, ќе присуствуваат и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски и претставници од компанијата „Секе“.