Прекинато водоснабдување изутринава од 09:15 часот имаат корисниците од улиците 512, 515, 516 и 520, вклучително и објектите на ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје и Виталиа, во населбата Керамидница.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот е уличниот дефект ф-2“ на улицата 512/12, во Керамидница.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.