Вулин објасни дека марихуаната уште е на списокот на наркотични дроги на Комисијата за наркотици на ОН.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави денеска дека марихуаната нема да биде легализирана во Србија се додека Александар Вучиќ е претседател на државата.
Вулин објасни дека марихуаната уште е на списокот на наркотични дроги на Комисијата за наркотици на ОН.
– Не верувам во поделба на лесни и тешки дроги. Верувам во скали кога станува збор за наркотиците – почнувате со марихуана и завршувате на игла. Јас секогаш ќе гласам против легализацијата на марихуаната во Парламентот, ако тоа е поставена како тема, изјави Вулин за Пинк ТВ.
Министерот ја најави акцијата на тоа министерство за враќање на полицајците-позорникари на улиците во државата.