Бугарскиот претседател Румен Радев ќе предаде претпладнево трет мандат за формирање влада на парламентарната група на Бугарската социјалистичка партија. Одлуката на Националниот совет на БСП е веднаш да го врати мандатот, со што завршува уставната постапка за влада во рамките на 45-то Национално собрание.
Според бугарските закони, претседателот на државата ќе мора да назначи привремена влада, да го распушти Националното собрание и да распише нови избори.
Претседателот Радев попладнево ќе одржи консултации со парламентарните сили во врска со измените и дополнувањата на Изборниот законик усвоени од 45-то Национално собрание, со цел да се запознае со номинациите предложени од нив за состав на ЦИК.
Со указ, шефот на бугарската држава одобри правила за спроведување јавни консултации и постапка за назначување на составот на ЦИК.