ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците на своите услуги. На фактурите за месец април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга ИНСТАНТ ПЛАЌАЊЕ и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето БЕЗ ПРОВИЗИЈА.

ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.


Администратор
05/05/2021 12:51