Кошаркарот на Голден Стејт, Стев Кари, имаше осум успешни реализации за три поени во синоќешниот пораз на неговиот тим на гостински терен од Њу Орлеанс со што стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 300 тројки во една сезона.

Кари натпреварот го заврши со 37 поени, додавајќи и девет скокови и две асистенции.

Важна победа во НБА лигата синоќа забележа тимот на Милвоки, кој со триумфот на домашен терен над Бруклин обезбеди пласман во плејофот.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторникот и среда:

Кливленд – Феникс 118:134 (по продолжение)

Детроит т – Шарлот 99:102

Милвоки – Бруклин 124:118

Мајами – Далас 113:127

Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:103

Оклахома – Сакраменто 99:103

ЛА клиперс – Торонто 105:100.


Администратор
05/05/2021 13:19