СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(40) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од февруари 2019 до февруари 2021 година, пријавениот го довел во заблуда И.С., прикажувајќи лажни факти дека преку негова фирма ќе врши сметководствени услуги на фирмата на И.С., потпишувал бланко налози за пренос на средства, но наместо да ги потполни за стварните намени, своерачно ги потполнувал и од сметките на фирмата на оштетениот во две банки, на сметките на неговата фирма пренел парични средства во вредност од 3.555.070 денари.


Администратор
06/05/2021 00:20