Општинската организација на Црвен крст Делчево продолжува со поддршка на ранливите категории граѓани. По повод празникот Рамазан Бајрам, волонтерите на Црвен крст денеска дистрибуираа прехранбени пакети наменети за социјално-загрозени граѓани од муслиманска вероисповед.
-Пакетите се дистрибуирани на наши сограѓани од социјален ризик од муслиманска вероисповед, со цел да им се помогне поубаво да го поминат големиот празник-истакнаа од Црвен крст Делчево.
Претходно, во слична акција за Велигденските празници Црвен крст Делчево во соработка со хуманитарната организација „Од срце за срце” донираше 150 прехранбени пакети наменети за граѓани од православна вероисповест.
-Со слични акции ќе продолжиме и во наредниот период, бидејки голем е бројот на граѓани кои секојдневно во нашата канцеларија ни се обраќаат за помош. Од почетокот на годината имвме голем број на хуманитарни акции, со кои се надевам усреќивме семејства кои имаа потреба од помош-потенцираа од Црвен крст Делчево.
Претходно, во пресрет на Велигденските празници и Рамазан Бајрам од страна на хумани граѓани од Америка по потекло од Делчевско беа донирани хуманитарни пакети за социјално-загрозени граѓани од православна и муслиманска вероисповед.