Неколку десетици граѓани се собраа денеска во центарот на косовската престолнина, за да му изразат поддршка на палестинскиот народ во конфликтот што изби на Средниот Исток меѓу Палестина и Израел, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Солидарност со палестинскиот народ” беше главната парола на поворката организирана преку социјалните мрежи од групата наречена „Колектив за феминистичка мисла и дејствување”.

Демонстрантите маршираа низ пешачката зона во центарот на Приштина, носејќи транспаренти на албански и англиски јазик, со пораки на поддршка за Палестинците.

Меѓу паролите кои ги извикуваа во текот на маршот беа: „Слобода за Палестина”, „Не ги допирајте децата”, „Стоп за фашизмот”, „Стоп за етничкото чистење” и слични.