Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“ и улиците „Интернационални бригади“ и „16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од селото Теранци, кочанско и патничко возило „даихатсу сирион“ управувано од Т.Д.(77) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово.

Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, се здобиле и возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т.(27) од Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.


Администратор
16/05/2021 16:56