Во Изложбениот салон – Империјал 1 во КИЦ – Скопје вечер ќе биде отворена изложба од ликовниот уметник Росица Лазеска што ќе трае до крајот на месецов. На изложбата ќе бидат изложени 30 дела работени во техниките: туш, колаж, пастел и пенкало, создадени последниве три години.

Лазеска е родена во 1956 во Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1986 година и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во 1992 година.

Од 1992 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ДЛУМ, а во периодот од 1993-1995 година работи на изработка на неколку поштенски марки.

Досега реализирала 14 самостојни изложби во земјава, Франција и Египет, а учествувала и на повеќе групни меѓународни и домашни изложби во Куба, САД, Полска, Холандија, Германија, Италија, Унгарија, Белгија, Франција, Бугарија.