Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес вечер од 18 часот на платото пред театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ ќе организира дружење со Владимир Јанковски, автор на „Скриени желби, немирни патувања“ – наградениот за „Роман на годината 2021“, и со Жарко Кујунџиски, автор на „Сфинга на гневот“.
Од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Сигурен ризик“ на младиот велешки автор Анде Јанков, која ќе ја претстави промоторот Денис Бојаров.
Настанот е организиран од Општина Велес, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и издавачката куќа „Антолог“
Гордана Васковска, в.д. директор на библиотеката, за МИА изјави дека ова е прв културен настан по силниот бран на Ковид-19 и дека ќе биде организиран на отворено и со почитување на здравствените протоколи. Таа ги покани да присуствуваат сите љубители на книгата од Велес.