Поради одржување на „Трка на поезијата“, настан кој прв пат се организира во Струга, утре од 8 до 11 часот ќе бидат затворени дел од улиците во градот.

Како што соопшти организаторот, здружението „Спортски мостови“, затворени за сообраќај ќе бидат потегот од кружниот тек на улица „15ти Корпус“, (Пливалиште), улица „Партизанска“ до Еуро хотел и од кружен тек на „Маркс Енгелс“ со „Партизанска“ до кружниот тек на „ЈНА“ (кај полиција) се до Чаршискиот мост.

Организаторот се обврза за спроведување на протоколите за заштита на населението од ширење на Ковид – 19, а истото го очекува и од учесниците.

Првата трка на поезијата ќе се одржи под слоганот „Трчаме рецитираме“, а целта е подигање на свеста кај луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето. На настанот, како што информира организаторот, пријавено е учество на спортисти од земјава и соседството, а ќе се трча на пет и 10 километри.