Општина Струга во соработка со јавното претприjатие „Еко" покрена иницијатива за отстранување хаварисани возила од јавниот простор, а тие неупотребливи возила, кои нема да бидат отстранети од сопствените ќе бидат подигнати со пајак служба.

– Апелираме до сите жители на општина Струга, кои поседуваат уништени возила, паркирани на јавен простор, да ги отстранат во рок од седум дена. Во спротивно тие ќе бидат дислоцирани со пајак службата, на сметка на нивните сопственици, соопшти општинската прес-служба.

Општината побара од граѓаните да испратат фотографии и адреси од места каде има хаварисани возила, паркирани на јавен простор, со цел да бидат отстранети.

– Граѓаните да ни испратат фотографии и адреси од местата на кои се наоѓаат уништените возила, кои се паркирани на јавни простории, на е-маил info@struga.gov.mk, со цел да ги oтстраниме и да го ослободиме јавниот простор од тие возила, кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, велосипедистите, пешаците и животната средина, се наведува во информацијата.