Потпретседателот на парламентарната анкетна комисија и пратеник од Демократската партија, Мислим Муризи, изјави дека комисијата костатирала дека претседателот Илир Мета ги прекршил уставните надлежности а неговиот однесување го нарече изопачено.

Според Муризи, претседателот бил контрадикторен со сите негови ставови и тоа е „неприфатливо за функцијата што ја извршува”.

-Она што го зборува еднаш, не го кажува другпат, тој дури понекогаш го признава собранието, понекогаш не. Дури се однесува и како делегат од Целибаши (претседател на Централната изборна комисија) да го набудува изборниот процес, во неделата на 25 април, на денот на изборите.Тој рече сè додека сум овде нема кражба, два дена подоцна тој рече дека волјата на народот е во кутиите, но ми се чини дека гласовите се украдени. Значи, јас го гледам тоа како понапнато отколку што треба да биде, без оглед на проблемите што ги има некој државник а Илир Мета како индивидуа брзо се загрева. Не знам зошто кабинетот, и оние што го советуваат, го земаат со толку многу емоции и толку многу гнев, рече Муризи.

Тој ја иронизира и одлуката на Мета да го признае собранието што произлезе од парламентарните избори во 2017 година и потоа одлуката да се нарече незаконска.

-Тој со потпис потврди дека го признал ова собрание, тој со уредба го призна договорот од 5 јуни. Во 2019 година, тој беше многу вознемирен кога Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција ги вратија пратеничките мандати. Во 2021 година тој повторно е вознемирен и рече дека не го признава. Мислам дека тоа го прави со години, во парна година го признава собранието. Непарните години се неплодни. Ако беше минатата година, Мета ќе дојдеше на сослушување во комисијата, без оглед кој раководи со неа, додаде тој.

Понатаму ги наведува повредите на уставните надлежности од страна на шефот на државата.

-Законски, им верувам на двајцата експерти, назначени од комисијата, кои велат дека претседателот на Републиката го прекршил Уставот. Станува збор за детален извештај кој покажува недостиг на неутралност, повици за револуција, нарушување на угледот на земјата, која е членка на НАТО веќе 13 години, како и судирот со земјите

членки на НАТО и нашиот главен сојузник, САД, се дел од повредите на Уставот, што според Мурзи и комисијата ги направил Мета.

Во меѓувреме, пратеникот не се согласува со третото „сериозно кршење на уставот од страна на претседателот”, што е запишано во извештајот на комисијата за разрешување на Мета. Според Муризи, „терминот тежок или лесен е апстрактен. Прекршувањата не се мерат. Прекршувањето е повреда, вели тој.

Додава дека судирот на Претседателот со мнозинството е од поодамна, но оти мора да заврши.

-Тој на функцијата дојде со гласовите на Социјалистичката партија и Движењето за социјалистичка интеграција. Конфликтот меѓу претседателот и мнозинството или претседателот со опозиција е поранешен конфликт, од претседателот Мејдани, па Моисиу, Топи и така по ред. Собранието има право да донесе одлука, а потоа судот нека говори, рече Муризи.

По иницијатива на владејачките социјалисти, анкетната комисија парламентот ја формира на 7 мај со 97 гласоци „за”, што подразбира дека гласаа и пратеници од опозицијата. Извештајот комисијата треба да го достави до законодавниот дом во рок од еден месец. За разрешување на Мета потребни се 94 гласови. Одлуката потоа оди пред Уставен суд. Претседателот на државата во Албанија го избира парламентот.