Пратениците во Парламентот на Федерација Босна и Херцеговина денеска ќе гласаат предлог законот за контрола и ограничена употреба на тутун на територијата на тој ентитет.

Со донесувањето на законот целосно ќе се забрани конзумација на тутунски производи во сите затворени простори, јавниот превоз и приватните автомобили, во кои има деца.

Тоа ќе биде најстрогиот закон досега, што подразбира целосна забрана за конзумација на тутун и производи од тутун во сите затворени јавни простори, на работните места и во јавниот превоз. Исклучок е тутун за џвакање.

Предлог-законот го испрати Владата на ФБиХ, што предизвика бројни реакции во јавноста