Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев објави дека владата му предлага на претседателот Румен Радев да го ослободи Димитар Георгиев, претседател на Државната агенција за национална безбедност.

Јанев рече дека Георгиев донел политички мотивирани одлуки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија за претседател на Агенцијата бугарската влада го предлага Пламен Тончев, кој работи како претседател на регионална структура.

Минатата недела привремениот бугарски премиер Стефан Јанев коментираше за БНТ дека ќе има смени во службите откако стана јасно дека претседателите на двете специјални служби биле на долго неплатено отсуство.