Хрватската полиција приведе 30-годишен маж откако во неговиот стан беа пронајдени над 35 килограми амфетамини, 617 грама марихуана, 12 стебла канабис и опрема за одгледување марихуана.
Според полицијата тоа е најголемо количество на запленети амфетамини досега.
Приведениот се товари за „неовластено производство и трговија со наркотици”.