Поддршка за европската перспектива на Западен Балкан изразиле алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија Гашпер Довжан за време на нивниот состанок преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис и Довжан разговарале во пресрет на словенечкото претседателство со ЕУ што започнува на 1 јули, а како што соопштија од двете министерства, била потврдена и грчката поддршка за претседавањето на Словенија.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија истакнал дека е позитивен фактот што Словенија го презема претседателството „како земја која ги познава специфичностите на поширокиот регион“.