Американската компанија „Боинг” ќе плати казна од 17 милиони долари согласно договорот со Федералната управа за воздушен сообраќај (ФАА), бидејќи тој производител на авиони на 759 летала од типот „макс 737″ и „нг” инсталирал опрема која содржи сензори кои не се одобрени, соопшти денеска ФАА.
Управата за авијација соопшти дека „Боинг” доставил сертификати за сообраќање на 178 свои авиони од типот „макс 737″, во момент кога тоа летало имало инсталирано неовластена опрема.
„Боинг” се согласи на голем број корективни мерки, соопшти ФАА, додавајќи дека целта е да се осигура дека авио компанијата не инсталира на своите авиони ниту еден дел што не одговара на нивниот одобрен дизајн.