Техничкиот министер за внатрешни работи на Бугарија изјави денеска дека во следните седум денови ќе поднесе сигнал до Обвинителството против поранешниот премиер Бојко Борисов.

Во интервју за локални медиуми, Бојко Рашков нагласи дека кај него дошол бизнисмен и му се пожалил дека поранешниот премиер му упатувал лични закани.

Борисов денеска на социјални мрежи објави дека „наскоро очекува да го обвинат и за канибализам“ и негираше обвиненија за прислушкувања на средби со Екатерина Захриева, Томислав Дончев и други.