Општина Чаир со Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари” кое функционира во нејзини рамки, со специјална машинерија и екипи им излезе во пресрет на граѓаните на погодените региони од поплава во Прешево за санирање на предизвиканата штета.
Имајќи најголема почит кон жителите на регионот на Прешево, како и локалните власти, Градоначалникот Ганиу истакна дека се целосно подготвени да помогнат во вакви околности на природни непогоди.
Ваквите случаи само ја зајакнуваат нашата врска и докажуваат дека кога едниот дел од нас е во опасност, другиот дел е секогаш тука за да помогне.