Одржувањето фер и транспарентни избори е нашата главна обврска, изјави денеска бугарскиот премиер Стефан Јанев, пренесе БГНЕС.

-Првата и непосредна задача за која сите сме одговорни во име на извршната власт и соодветните региони и области за кои вие сте одговорни е да одржите фер и транспарентни избори, им кажа привремениот премиер на презентацијата на новите регионални гувернери во зградата на Владата (Совет на министри).

Ова е обврска не само на привремениот кабинет, туку и на сите други тела на државната власт, особено на ЦИК, која е избрана од Националното собрание, додаде привремениот бугарски премиер.

-Сите наши напори ќе бидат посветени на одржување на предвремените парламентарни избори на 11 јули, така што треба да биде осигурен процесот на самото спроведување и истовремено да не се дозволат негативности, на кои бевме сведоци претходно, вети привремнеиот премиер Стефан Јанев.