Измените на Законот за урбанистичко планирање се однесуваат на забрзување на постапките при носење на ДУП-от.Во суштина барањата се сведуваат на забрзување на постапките за носење на Деталните урбанистички планови бидејќи градоначалниците, меѓутоа и јас сме убедени дека поголемата урбанизација или интензитетот на зголемување на урбанизацијата всушност ќе спречи појавување на разни девијации во општеството и однапред ќе ги имаме утврдени правилата на игра што ќе бидат познати, вели градоначалникот на Град Скопје во одговор на новинарско прашање поврзано околу забелешките и барањата за измените на Законот за урбанистичко планирање.
-Суштината на измените на Законот за урбанистичко планирање се однесуваат токму на забрзување на постапките при носење на ДУП-овите од една страна. Од друга страна кога е Градот Скопје во прашање да можеме многу поедноставно и многу полесно отколку досегашните законски решенија да извршиме измени на ГУП-от бидејќи во минатото или досега менувањето на ГУП-от всушност значеше одење на целосна постапка како да го носите одново, истакна Шилегов
Тој додава дека можеби некогаш ќе треба да се реагира, со цел да се заштитат определени подрачја бидејќи е свесен дека не постојат идеални решенија, што кога ќе бидат донесени ќе може да се унапреди развојот на определни подрачја, со цел Градот да може многу побрзо и поинтензивно да ги донесе тие планови.
Шилегов истакна дека Град Скопје нема во план да се усогласува согласно потребите на општините, односно дека Градот има намера да креира одржлив развој за носење на ГУП-от.