Во тетовските градинки 240 деца годинава го завршија престојот во највозрасните групи и од септември ќе почнат да одат во прво одделение. Денеска тие одржаа симболична завршна приредба за разделувањето од градинката.
-Во петте објекти градинки во Тетово и единаесетте групи и центри за ран детски развој согласно протоколите поради пандемијата престојуваа околу 400 деца. Во текот на мај на повикот за упис се пријавија 380 деца. Секако работата на градинките ќе биде во согласност со насоките од надлежните инситуции поради паднемијата, изјави Рамие Даути, директорка на установата „Младост“ која раководи со детските градинки.
Во летниот период, додаде, градинките ќе бидат отворени и ќе работат за згрижување на децата чии родители имаат потреба нивното дете да престојува во еден од објектите.
Во 2019 година вкупно 1.200 деца биле згрижени во сите објекти на јавната општинска установа детски градинки „Младост“ од Тетово.