Во Културно Информативниот Центар (КИЦ) во Скопје е отворена изложба на цртежи и колажи од ликовниот уметник Росица Лазеска.
Изложени се вкупно 40 дела, работени во техниките туш, колаж, пастел, јаглен и пенкало, создадени последниве три години. Изложбата е отворена до 8. месецов.
Уметникот Росица Лазеска е родена во 1956 во Скопје. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа и на Факултетот за ликовни уметности. Од 1992 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Има реализирано 14 самостојни изложби во земјава, во Франција и Египет, во период од 1993 до 2021 година.
Од 1991 до 2021 учествувала на повеќе групни меѓународни и домашни изложби во земјава, во Куба, САД, Полска, Холандија, Германија, Италија, Унгарија, Белгија, Франција и во Бугарија.