Полицијата и обвинителството од северниот албански град Скадар почнаа истрага во врска со мистериозното исчезнување на Рудолф Елезовиќ(54), началник на секторот за сузбивање на недозволена трговија со наркотични средства во Улцињ, Црна Гора.
На Елезовиќ му се губи секаква трага од вечерта на 27 мај меѓу водната граница на Албанија со Црна Гора кај Пентар и Реч на реката Буна.
– ПО ПРИЈАВАТА НА НЕГОВАТА СОПРУГА МАРИНА ЕЛЕЗОВИЌ ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО ЦРНА ГОРА ЗАПОЧНАЛЕ ИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ. СООДВЕТЕН МАТЕРИЈАЛ ДОСТАВИЛЕ И ВО ПОЛИЦИЈАТА ВО СКАДАР, ПОБАРАЛЕ СОРАБОТКА И ПОДДРШКА ОД АЛБАНСКИТЕ ВЛАСТИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ЕЛЕЗОВИЌ, ПРЕНЕСУВААТ АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ.
Додаваат дека обвинителството во Скадар веќе започнало истрага, но засега причините за исчезнувањето остануваат енигма, додека првите сомнежи се за криминален настан, иако засега нема ништо конкретно. За црногорската и албанската полиција и обвинителството енигма е и судбината на Елезовиќ.
Во меѓувреме црногорската страна започнала со пребарување на реката Буна а се очекува истото да се стори и во албанскиот дел на реката.
Исто така, нема докази во врска со движењата или последните моменти на Елезовиќ, освен сведочењето на членовите на семејството кои го покажале последниот разговор со него.
-ОДАМ ВО СКАДАР БИДЕЈЌИ ИМАМ РАБОТА. НЕМА ДА ДОЦНАМ ЗАТОА ШТО КОГА ЌЕ ДОАЃАМ ЌЕ БИДЕ ПО ПОКУСИОТ ПАТ, РЕКОЛ ТОЈ ШТО ПОДРАЗБИРА ДЕКА ЌЕ СЕ ВРАТИ ПРЕКУ ВОДНАТА ГРАНИЦА НА АЛБАНИЈА СО ЦРНА ГОРА, ОДНОСНО ПРЕКУ РЕКАТА БУНА.
И од сигналот на мобилниот телефон, последната трага е токму во оваа област на водната граница и од таму не се знае ништо повеќе за неговите движења и што се случило.
-ЕЛЕЗОВИЌ ИСТРАЖУВАЛ СЛУЧАЈ НА ТРГОВИЈА СО ДРОГА ВО СОРАБОТКА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО СКАДАР. ЦРНОГОРСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ПРВИТЕ СОМНЕЖИ ГО ПОВРЗУВА ОВОЈ НАСТАН СО МОЖНО ЗЛОСТОРСТВО ОД ЦРНОГОРСКАТА МАФИЈА ВО СОРАБОТКА СО АЛБАНСКИ ГРАЃАНИ, НАВЕДУВААТ МЕДИУМИТЕ.
Рудолф Елезовиќ 6 години бил прв човек на полицијата во Улцињ а од неодамна началник на секторот секторот за сузбивање на недозволена трговија со наркотни средства