Полицијата на Република Српска разби мрежа на педофили и уапси пет лица поради детска порнографија.

Полицијата изврши претрес на седум локации во РС, при што се пронајдени и одземени компјутери, таблети, мобилни телефони, мемориски картички, фотоапарати и други апарати.

Уапсените посетувале интернет-страници со детска порнографдија, преземале фотографии и видео-снимки, а потоа истите ги користеле за социјалните мрежи и апликации за комуникација и разменувале содржини.