Дувачкиот квинтет „Филхармонија 5“ вечер од 18 часот ќе одржи концерт во Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија.

Во квинтетот членуваат Елена Дојчиновска – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Ванчо Стојановски – фагот и Горан Јанев – хорна.

На концертната програма се дела од Фаркаш, Хајдн, Големинов, Бранѓолица, Стравински.