Оправданоста на барањето за намалување на цената на електричната енергија е тоа што Владата без референдумско изјаснување ја вгради во цената уставната категорија наречена моќност од 33,33 проценти. Средствата од таа давачка беа строго наменски за одржување на постојните производни капацитети и изградба на нови, воведена во времето на Социјалистичка Република Македонија. Како оправданост за бараното намалување на цената на струјата за дополнителни 15 проценти е обрвска на Владата да создаде услови за брзо и успешно надминување на ковид-кризата на севкупната економија во државата и сите домаќинсктва, изјави Страшо Јованов претставник на Независниот синдикат на камионските транспортери МАКАМТРАНС, кои заедно со Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништво денеска одржаа прес-конференција пред Владата на Македонија.
Јовановски посочи дека ако до 15 јуни Владата не го обзнани бараното намалување, тие на 16 јуни јавно ќе повикаат на граѓанска непослушност.
-Цената на струјата од 2011 година е зголемена за 200 проценти, не сакаме повторно да го доживееме истиот крах. Бараме намалување на цената на струјата, што е зголемена за 33,33 проценти ангажирана моќност и тој процент е влезен во цената на струјата. Со зголемување на цената на струјата се зголемува и цената на основните животни продукти, се зголемува производството, трошоците, вели Атанас Трајковски од НС ГРИТГ.
Тој истакна дека бараат намалување на цената на струјата за 50 проценти.