Србија е прва земја во Европа која ќе произведува вакцини „Спутник V“ и за таа цел ќе има свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери од Србија и Русија, најави на својот Твитер профил министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Вакцините против коронавирус ќе се произведуваат нa Институтот „Торлак“ во Белград.

Претходно рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и го одобри производството на „Спутник Ве“.