Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска ќе ја посетат Полициската станица „Карпош“.

Како што соопшти Општина Карпош, повод за посетата е донацијата на две мопеди за работа на терен, кои локалната самоуправа ќе и ги додели на ПС „Карпош“.