Техничкиот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, ја одби поканата за средба со главниот обвинител, Иван Гешев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Рашков изјави дека ќе одговори на таквата покана од следниот главен обвинител на Бугарија.
Главниот обвинител Гешев вчера го покани министерот Рашков на работна средба, а поканата дојде само неколку часа откако министерот за внатрешни работи изјави дека новоименуваните шефови на Генералната дирекција за „Борба против организираниот криминал“ и Државната агенција за „Национална безбедност“ ќе бидат повикани во обвинителството, што претпоставува, било обид да се забошоти работата на Министерството за истрагата за неовластената употреба на специјалната разузнавачка опрема (СИС) за прислушување на политичарите.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, бугарското обвинителство вчера објави информација со фотографии дека Гешев навистина се сретнал со новите раководители на ГДБОК и ДАНС – Калин Стојанов и Пламен Тончев. Средбите, меѓутоа, биле стандардни и работни, а се разговарало за теми поврзани со соработката помеѓу службите и обвинителството во Бугарија.