Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес веке втор месец го изведува проектот КРЕАТИВНА СТРИП КАМПАЊА „МАКЕДОНИЈО, ЗЕЛЕНА ТИ ЌЕ БИДЕШ!“ .Истиот е во склоп на

Концептот ЗЕЛЕН СКОК - Партнерства за климатска акција финансиран од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија.Проектот ќе трае 4 месеци

Главна цел на истиот е развој на еколошката свест кај населението во РС Македонија

што ке се оствари преку креативна кампања и мобилизација на младите генерации од сите средини за креативно размислување за еколошките проблеми ... сето тоа преку користење на креативната алатка СТРИП

Главни активности во проектот се :

Подготвување и цртање на наменски стрип којшто ке биде изработен од страна на професионално ангажирани автори : сценарист и цртач коишто ке изработат стрип на 6 страници

конкурс за посебни ученички стрипови од кои ќе се изберат најдобрите и доделат пригодни награди.

Наменскиот професионален стрип, како и најдобрите стрипови по тематскиот стрип конкурс ке бидат вметнати во посебен тематски каталог, заедно со претставување на проектот, организацијата носител, персоналот .

Тимот на Стрип центар на Македонија-Велес веке го изработи сценариотo на наменскиот стрип којшто ке го нацрта млада авторка Евгенија Трајковска, студентка на Ликовна академија при УКИМ .