Во Амфитеатарот, стар град Созопол, денеска во рамки на Меѓународниот Франкофонски Фестивал Солеј ќе се одржи концерт „Скопје виа Созопол“ на Брасстет Скопје, информира КИЦ на Р Македонија во Софија.
На програмата ќе бидат застапени дела од Нино Рота, Карлос Гардел, Анхел Виљолдо, Сони Компанек, М. Родригес, Астор Пијацола, Освалдо Фарес, Консуело Веласкез, Луис Бонфо.
Брасстет Скопје е составен од одлични музичари кои претежно свират музика прилагодена за брас квинтет со додадени ударни инструменти. Тенденцијата е да се „избегне“ стереотипна програма за ваков состав и да се доближи популарната музика вклучувајќи и филмска музика и популарната класика до публиката.
Нивниот прв концерт се случи на почетокот на летото на фестивалот Скопско Лето 2019 – Концерт на плоштадот Јадран.
Како приоритетна програма се издвојуваат популарната класика, компилации од филмска музика, евергрин теми и поп теми од повеќе жанрови.