По повод Светскиот ден на заштита на животната средина екипа на ЈП „Плаваја“, помогната од компаниите „Техника“ и „Техноинжинеринг“, исчистија 220 метри кубни ѓубре и градежен шут од дивата депонија во близина на компанијата „Голдмак“ во Радовиш.
-Оваа акција има за цел да ги мотивира граѓани да се грижат за животната средина и да ја заштитуват и унапредуват. Заштитата на животната средина е услов за подобро здравје и поквалитетен живот. Затоа секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот екосистем, рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.
Во акцијата за чистење на депонијата беа вклучени четири камиони и три утоварачи од радовишкото комунално претпријатие и двете градежни компании.