Албанскиот претседателот Илир Мета, освен што се соочува со разрешување може да се најде и пред Специјалното јавно обвинителство, СПАК за две сериозни кривични дела, јавни повици за насилно однесување и поттикнување национална омраза.
-Во извештајот на 100 страници на собраниската анкетна комисија, за кој ќе се гласа на 9 јуни, се предлага не само разрешување на Илир Мета од функцијата претседател, туку бара од истражните органи да започнат истраги главно против претседателот за поттикнување насилство и омраза пред и за време на парламентарните избори на 25 април 2021 година, пренесува Ора њуз.
Според истиот извор во извештајот се наведени сите прекршувања на неговите уставни надлежности и однесувања поради кои треба да биде кривично гонет.
-Како што сто во извештајот наведени се повиците на Мета за насилство, неговата улога во судирот со полицијата во канцелариите на партијата Нов демократски дух, неговата одбрана на паравоената структура на Демократската партија по убиството на приврзаник на владејачката социјалистичка партија во Елбасан за време на изборната кампања, искажаните ставови во гостувања во 19 телевизиски емисии, 9 изјави за медиумите, 45 објави на социјалните мрежи како и некои писма што повеќепати ги упатил до независни институции, наведува телевизијата.
Комисијата утврдила дека во многу од неговите јавни настапи, Мета избрал да користи насилство како средство за решавање на проблемите, наспроти средствата што ги нуди правната држава.
Повиците на Мета за насилство, напишано е во извештајот, ги загрижиле и претставниците на странските земји во земјата, при што вниманието го привлекле некои реакции на американската амбасадорка Јури Ким, со која недипломатски се однесувал.
Усвојувањето на извештајот и гласањето за разрешување на Мета е на пленарна седница на 9 овој месец, за што потреби се 94 гласа. Последниот збор по ова прашање, без оглед на одлуката, е во надлежност на Уставниот суд.