Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ шоумен и ТВ водител Слави Трифонов ќе предводи две листи на изборите.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ива Митева, која беше претседател на 45-то Национално собрание на Бугарија, исто така ќе предводи две листи.

Партијата се очекува денеска да ги објави своите кандидати за пратеници за парламентарните избори на 11 јули.

Аргументот на Трифонов за влез во парламентарната кампања е дека на овој начин тој ќе ги сигнализира приврзаниците на неговата партија да гласаат во поголем број. Покрај тоа, за „Има таков народ“ се многу важни дополнителните избори за градоначалник во Благоевград, каде нивен кандидат е адвокатот Илко Стојанов. Тој беше член на претходниот парламент, а сега анкетите покажуваат дека има шанса да ги победи неговите двајца противници, кои се независни кандидати.

Според анкетите, има таков народ е со 2-4 отсто разлика од партијата на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. Аналитичарите во Софија не ја исклучуваат партијата на Слави Трифонов дека може да стане првата политичка сила во Бугарија пред партијата на Борисов.