Унгарската енергетска групација МОЛ купи мрежа од 120 бензински пумпи управувани од австриски ОМВ во Словенија, а аквизицијата треба да ја одобрат надлежните државни регулатори.
Вредноста на купопродажниот договор е 301 милиони евра, соопшти денеска компанијата МОЛ, јави СТА.
МОЛ всушност ќе добие 92,25 проценти удел во ОМВ Словенија, бидејќи една од нејзините компании во групацијата, хрватската ИНА, веќе има 7,75 проценти удел.
Купувањето е „во согласност со нашите стратешки цели за понатамошно проширување на мрежата на бензински пумпи на постојните и потенцијалните нови пазари во Централна и Источна Европа“, се вели во изјавата на претседателот и извршен директор на МОЛ, Золт Хернади.