Европската интеграција на земјите од Западен Балкан е во интерес на целиот регион и на Европската унија. Бугарија ќе продолжи да ги поддржува напорите на своите соседи во овој процес. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев на денешната работна средба со премиерот на Албанија Еди Рама, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Претседателот Радев ја потврди поддршката на Софија за подготвеноста на Албанија да започне разговори за членство во ЕУ.

Клучно е дека процесот на европска интеграција на Балканот се надоврзува на одржливи и неповратни резултати во градењето односи на пријателство и добрососедство во регионот, за што Албанија е одличен пример, нагалси Радев.

Заедничка била оценката дека активниот директен билатерален дијалог меѓу одделните земји, како и средбите на високо ниво, даваат можност да се бараат и да се изнајдат заеднички решенија за иднината.