Европскиот јавен обвинител пристигнува во Бугарија попладнево. Лаура Ковеши ќе има работен состанок со техничкиот министер за правда на Бугарија Јанаки Стоилов, јави дописникот на МИА од Бугарија.
Посетата на Ковеши доаѓа во време кога има протести и блокади на Судскиот совет во центарот на Софија, со барање главниот обвинител Иван Гешев да поднесе оставка.
Ковеши ќе разговара и со главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев, на чија покана е во посета на Софија. Таа ќе се состане со обвинителскиот одбор на Врховниот судски совет, при што ќе разговара за пополнување на планираниот број европски делегирани обвинители за Бугарија.
Лаура Ковески се очекува да одржи прес-конференција в петок напладне, по што ќе отпатува од Бугарија.