Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Западен Балкан со кој претседаваат премиерот на Албанија, Еди Рама и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
-Голема благодараност до сите што ја прифативте поканата за толку кратко време, среќен сум и го поздравувам секого од вас. Вашето учество на овој Шести самит на Западен Балкан во Тирана е јасен знак за нашата подготвеност да преземеме регионално авторство за спроведување на планот на ЕУ, економскиот и инвестицискиот план и заедничкиот регионален пазар, рече Рама на отворањето.
Посебно му се заблагодари на Вархеји, кој според шефот на албанската влада, го започна и промовираше големиот економски и инвестициски план на заедничкиот регионален пазар.
-Јас сум многу благодарен на комесарот на ЕУ, Вархеји кој го започна и промовираше овој голем план, како клучен инструмент што ќе ни помогне економски да се опоравиме во пост-пандемискиот период, да работиме на социо-економска стабилност, да одиме кон одржлив раст, нагласи тој.
Потоа ги замоли медиумите за разбрање и побара да ги остават да продолжат со работа.
На Самиотот учествуваат претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановќ, како и премиерите на Македонија, Зоран Заев, на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана Брнабиќ, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Со лидерите од западен Балкан се и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, директорот на секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ, како и Љуба Силјаноска, заменик директорка на Постојниот секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ (Албанија, Бугарија, БиХ, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора).
Пред почетокот на Самитот Рама имал одвоени средби со Вархеји, Брнабиќ и Тегелтија.
По официјалниот дел Рама и Вархеји ќе одржат заеднчка прес-конференција а по работниот ручек ќе биде потпишана заедничка изјава за продолжување на европската агенда.