Надворешниот долг на Албанија е во значителен раст во првиот квартал од годинава, односно за околу 297 милиони евра, во споредба со крајот на 2020 година, достигнувајќи вредност од 8,8 милијарди евра.
Споредено со декември минатата година, кога долгот изнесувал 8,5 милијарди евра тоа значи дека пораснал за 3,3 отсто. Во споредба пак со пред една година значи 654 милиони евра повеќе.
-Владиниот сектор, доминира во главниот дел на долгот, бидејќи неговиот раст овој квартал се должи главно од општите обврски на извршната власт кои во јануари-март се зголемиле за околу 182 милиони евра во однос на претходниот квартал, достигнувајќи вкупно 4,2 милијарди евра, главно во однос на отплата на долгорочни кредити, наведува банката.
Дообјаснува дека станува збор главно за кредити земени од меѓународни финансиски институции, едниот во износ од 90 милиони долари и другиот 80 милиони евра.
И покрај високото ниво, Владата ветува намалување на долгот во оваа и следните години.