Министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Македонија во Украина Крум Ефремов денеска ја посети компанијата „Алкалоид Киев“, подружница на фармацевтската компанија „Алкалоид АД Скопје“ во Украина.
Ова претставништво е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на „Алкалоид“ на украинскиот пазар.
Менаџерот на подружницата Дејан Каранфилов ги информираше за основната дејност, тековните активности на „Алкалоид Киев“ и плановите за украинскиот пазар.
„Алкалоид“ е извозно ориентирана компанија и околу 65 отсто од своето производство го пласира на пазарите на речиси 40 земји. Брои 2 430 вработени од кои 570 се вработени во подружниците надвор од Македонија.
Министерот Бектеши го честиташе јубилејот 85 години на „Алкалоид АД“ и му посака успех на менаџментот на Алкалоид Киев за реализација на идните планови. Воедно посочи дека Министерството за економија како надлежно за меѓународните трговски односи на Македонија, секогаш ќе работи на создавање поволни услови за работа на домашните компании во странство