Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по одлуката на земјите-членки на Европската унија да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за повеќе земји, меѓу нив и за Албанија.

На објава на Фејсбук напиша дека Албанија успеала и во овој предизвик, нагласуваќи дека „нема да запре се додека земјата не се искачи на врвот”.

-Вест што ја очекувавте! Европската унија ги укина ограничувањата за патувања за лица од осум земји и територии што не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Албанија. Успевме и во овој предизвик, затоа што ние, Албанија не го запираме нашето искачување до врвот каде што заслужуваат нашите деца, пишува Рама.

Реагираше и министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу по одлуката на ЕУ да ги отстрани ограничувањата со Албанија, но, како што наведува и Србија и Северна Македонија.

Во објава на Фејсбук, Манастирлиу пишува дека ова е долгоочекувана вест за сите Албанци, но истовремено и добар знак дека „одиме кон нормалноста што сите ја посакуваме”.

-Дефинитивно ова е добра вест. Долго очекувана вест за сите Албанци но и добар знак дека одиме кон нормалноста што сите ја посакуваме. Но, повторно апел до сите граѓани да не ја напуштаме будноста, на овие последни метри кон излезот од долгиот тунел на пандемијата, напиша Манастирлиу.