Бугарската техничка Влада го смени шефот на Државната агенција за разузнавање Атанас Атанасов и го назначи за нов директор – Антоан Гечев.

Портпаролот на привремената влада Бантон Кутев изјави дека тој потег е во контекст да се обезбеди одржливост на системот за заштита на националната безбедност.

Под раководство на Атанасов, Државната агенција за разузнавање спроведувала свои активности со кршење на објективност, непристрасност и политичка неутралност. Според законот , потребно е да се обезбедат информации од ист обем и содржина до претседателот на државата, претседателот на Националното собрание и премиерот. Постои повреда на овој принцип во однос на разузнавачките информации што му се дадени на претседателот. Поради тоа донесена е одлука за назначување на Антоан Гечев.

Бугарската Влада го смени и заменик-претседателот на таа агенција, Недалко Недиалков и на негово место да го назначи Станислав Станчев.